НАЈМАЛКУ 21 ЗАГИНАТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ОГНОТ ВО ИРАН Секоја година има десетици жртви и илјадници повредени поради овој настан

Фестивалот почна синоќа со палење огнови, пиротехнички средства и рачно изработени експлозивни направи.

239

Најмалку 21 човек загинаа, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот фестивал на огнот „Чахаршанбе Сури“. Меѓу повредените, 18 лица се во тешка состојба, а најмногу инциденти се регистрирани во провинциите Техеран, Источен и Западен Азербејџан.

Фестивалот почна синоќа со палење огнови, пиротехнички средства и рачно изработени експлозивни направи.






Фестивалот на огнот се одржува пред персиската Нова година (Новруз) што го означува доаѓањето на пролетта.

Манифестацијата, на која има скокање преку оган, огномет и на рачно изработени експлозиви, е популарен помеѓу децата и младите, но чести се и сериозни несреќи. Секоја година, прославите и подготовките резултираат со десетици смртни случаи и илјадници повредени ширум Иран.

Поврзани содржини