Најмалку 20 повредени во земјотресот во Петриња

458

Најмалку 20 лица се повредени во денешниот силен земјотрес во Петриња, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на информации од болницата во Сисак.

Пациентите се транспортираат и во болниците во Загреб.






Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој околу 12,20 часот ја погоди областа Петриња, а силно се почувствува и во Загреб, загина 12-годишно девојче.

Градоначалникот на Петриња Даринко Думбович ја спореди состојбата во градот со Хирошима.

Поврзани содржини