Најмалку 18 Сиријци загинаа откако два автобуса нагазиле на мини

205

Најмалку 18 цивили загинаа кога два автобуса нагазија на мини во близина на градот Саламис, во сириската провинција Хама, јави телевизијата „Ел Ихбарија“.

Во двете несреќи неколку лица се здобиле со сериозни повреди, јави Тасс.






Според првичните информации од истрагата, мините биле поставени од припадници на таканаречената Исламска држава.

На 24 февруари, сириската армија го одби нападот на Исламската држава во сириската пустина, при што загинаа девет војници

Поврзани содржини