НАЈМАЛКУ 14 000 МАКЕДОНЦИ ИЗГУБИЈА МИЛИОНИ ВО „КОНТИ“ На повидок нова пирамидална измама?

„Конти“ претставува платформа која на корисниците им нуди заработка преку гледање видеа. Апликацијата функционира околу една година и на навидум лесен начин можело да се заработат пари, но по една година „пукна балонот“ и се појавија сериозни сомнежи дека зад тоа можеби се крие нова порамидална измама.

4,087

Околу 14 000 македонски граѓани стравуваат дека се измамени од платформата „Конти“ за вкупно милиони евра, а секој од нив за по неколку илјади евра. Речиси една години откако платформата функционира, па сè до пред два дена се молчеше за тоа иако на учесниците во шемата веројатно им беше јасно дека се работи за пирамидален принцип на добивање на пари. Но, дотогаш добивале пари, или бар мислеле дека ги имаат на своето конто.

Деновиве групата на социјалната платформа „Телеграм“ полека почнува дазгаснува, а корисниците веќе немаат приливи на „Бајненс“ (Binance) – платформа за тргување со криптовалути, нешто што во земјава не е нелегално, но не е ниту регулирано.






Дел од нив, околу 14.000 македонски членови во групата на Телеграм останаа со салдо нула, дел од нив имаат заработка од илјадници евра, но дел, иако зеле брзи кредити за брза заработка преку оваа апликација, ја вложувале сета своја плата или пензија – останале посиромашни за илјадници евра“, објави Мета.

„Конти“ претставува платформа која на корисниците им нуди заработка преку гледање видеа. Апликацијата функционира околу една година и на навидум лесен начин можело да се заработат пари, но по една година „пукна балонот“ и се појавија сериозни сомнежи дека зад тоа  можеби се крие нова порамидална измама.

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е ‘гледај за да заработиш’, со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери и со тоа го менуваат традиционалниот начин на промоција на филмовите“, пишува Мета.

Доколку го отворите вашиот телефон и ја пребарате апликацијата „Конти“ (Conti), ќе ви се појави вакво објаснување за тоа што значи оваа апликација и како работи истата. Но, вистината е дека парите доаѓаат од новите членови а завршуваат кај оние што се на врвот на пирамидата, односно што влегле во „шемата“ порано.

Според одредени сознанија, најмногу на „Конти“ биле навлечени жители на Кавадарци, Радовиш и на Велес.

Поврзани содржини