НАЈМАЛКУ 12 ПАЛЕСТИНЦИ УБИЕНИ ПРИ ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ГАЗА Меѓу убиените име две деца и една трудна жена
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се осудува нападот, оценувајќи го како „грозоморно злосторство“.
Најмалку 12 Палестинци, меѓу кои две деца и една бремена жена, загинаа во денешниот израелски воздушен напад врз Појасот Газа.
„Израелската окупација нападна полициско возило, со кое се превезувале неколку офицери и полициски персонал, додека ги извршувале своите должности за следење на пазарите и одржување на безбедноста за време на Рамазан. Овој напад резултираше со смрт на девет полициски офицери и други“, соопшти Министерството за внатрешни работи контролирано од Хамас.
Во соопштението се осудува нападот, оценувајќи го како „грозоморно злосторство“.
Израелската армија досега не го коментираше нападот.