(ОБНОВЕНО) 11 МРТВИ ОД КОИ 4 ДЕЦА ВО ХОРОРОТ ВО ЦЕТИЊЕ Полицијата го ликвидираше напаѓачот кој си го уби семејството (ВИДЕО)

Црногорската полиција соопшти дека 11 лица се убиени, меѓу кои 4 деца. Шест лица се повредени. Пред да биде застрелан од полицијата,Борчиловиќ ја спречувал брзата помош да се прибилижи до повредните луѓе. Иако веќе е потврдено дека причина за крвавиот масакр бил семеен судир, Б92 неофицијално дознава дека кај граѓаните во Цетиње се шири паника дека нападот може да има врска со конфликтот за манастирот.

2,223

Вучко Бориловиќ(34) од Цетиње е напаѓачот кој околу 4 часот попладнево изврши невиден масакр во црногорскиот град Цетиње. Полицијата го ликвидирала човекот кој си го уби семејството, а потоа излегол на улица и продолжил да убива луѓе зад објект на Владата на Црна Гора. Пред да биде застрелан од полицијата, тој ја спречувал брзата помош да се приближи до повредeните луѓе.

 






Црногорската полиција соопшти дека 11 лица се убиени, меѓу кои 4 деца. Вкупно шест лица се повредени. Еден од нив, припадник на полицијата е тешко ранет во главата. Три лица со повреди опасни по живот се хоспитализирани, а во тек се хируршки интервенции за спасување на нивните животи во општата градска болница.

 

Иако веќе е потврдено дека причина за крвавиот масакр бил семеен судир, Б92 неофицијално дознава дека кај граѓаните во Цетиње се шири паника дека нападот може да има врска со конфликтот за манастирот.

 

Поврзани содржини