Најмалку 107 верници се заразиле на миса во Франкфурт

Инфекцијата веројатно се случила на мисата пред две недели. Заедницата соопшти дека се почитувале сите епидемиолошки мерки, вклучително и физичко растојание, дезинфекција и заштитни маски.

360

Според локалниот министер за здравство на миса во Баптистичката заедница во Франкфурт со ковид-19 се заразиле најмалку 107 лица.

Инфекцијата веројатно се случила на мисата пред две недели. Заедницата соопшти дека се почитувале сите епидемиолошки мерки, вклучително и физичко растојание, дезинфекција и заштитни маски.






– Овој пример покажува колку е важно за сите нас, особено сега кога се на сила олеснителните мерки, да останеме претпазливи и да не постапуваме невнимателно – рече министерот за здравство на Хесен, Каи Клосе.

Раководителот на канцеларијата за здравство на Франкфурт, Рене Готчалк, објасни дека повеќето од заразените не покажуваат силни симптоми на болеста.

– Според нашите информации, само едно лице е во болница – рече Клосе и додаде дека „ситуацијата е под контрола“.

Во сојузната држава Хесен, мисите во црква се дозволени од 1 мај со строго придржување кон мерките.

Поврзани содржини