НА МАКЕДОНИЈА ШТО НЕ Ѝ ВЕТИВМЕ ЗА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО… Не смее да се заборави Западен Балкан поради Украина, рече претседателот на Летонија во Минхен

Блокот сака да ја види Украина (во ЕУ) што е можно поскоро, но треба да се справи со две други прашања како дел од тој процес. Прво, ЕУ треба да го погледне Западен Балкан, бидејќи ЕУ ризикува голем кредибилитет во регионот, со тоа што не напредува во своите перспективи за пристапување – рече Ринкевич.

309

Кога зборуваме за забрзан прием на Украина во ЕУ мора прво да ги погледнеме земјите од Зaпаден Балкан, а не смееме да ја заборавиме и Молдавија – рече летонскиот претседател Едгарс Ринкевич на Минхенската безбедносна конференција, говорејќи за притисокот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се одреди конкретен датум за пристапување на неговата земја во Европската Унија, како дел од кој било иден мировен договор со Русија.

– Разбираме дека ни е потребна Украина во Европската Унија, но разговарајќи со другите лидери на ЕУ, имам некакво чувство дека во овој момент, додека зборуваме денес тука во Минхен, во февруари, нема подготвеност да се говори за датум – рече Ринкевич.






Тој вели дека блокот „сака да ја види Украина (во ЕУ) што е можно поскоро“, но треба да се справи со две други прашања како дел од тој процес. Прво, ЕУ „треба да го погледне Западен Балкан“, бидејќи ЕУ ризикува „голем кредибилитет во регионот“ со тоа што не напредува во своите перспективи за пристапување.

– Ветувавме толку многу работи во замена за реформи. На пример, за промена на името на Северна Македонија, долго време ѝ ветувавме членство – рече Ринкевич.

Тој додава дека ЕУ не може да ја заборави Молдавија.

– Да, тоа е мала земја, но ако влезе Украина, не можеме да ја изоставиме Молдавија од ова, така што повеќе не станува збор само за Украина. Тоа би барало многу сериозна дискусија за тоа како да се управува со процесот – рече претседателот на Летонија.

Тој вели „сакале или не“, членството на Украина во ЕУ е „многу поврзано со мировниот договор“, но вели дека не е оптимист дека Русија навистина ќе се вклучи во процесот, за да може да се договори.

– Ако Русија не се помрднува (од своите позиции), тогаш нема да имаме договор – рече претседатаелот на Летонија.

 

Поврзани содржини