На Македонците од утре за влез во Србија ќе им треба ПЦР тест не постар од 48 часа
ПЦР тест не е потребен на државјаните на Србија кои доаѓаат од споменатите држави.
Странците кои доаѓаат од одредени земји во Србија ќе мораат да имаат негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, одлучи Кризниот штаб.
Оваа одлука се однесува на лицата кои доаѓаат во Србија од Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за „РТС“ епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Одлучено е и да бидат стопирани рестрикциите кои се донесуваат за граѓаните на Црна Гора. Сите овие мерки стапуваат на сила од утре.
ПЦР тест не е потребен на државјаните на Србија кои доаѓаат од споменатите држави.