НАЈЛУДАТА НОЌ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПАНИКА Драма на сплав во Белград (ВИДЕО)
Кога последните гости бегале од сплавот, водата веќе им била речиси до колена, покажуваат снимките на кои се слушаат и пискотници.
Познат сплав во Белград се преврте за време на новогодишната прослава, јавија српски медиуми.
Притоа повредена е една довојка, на која ѝ е укажана помош на самото место, а две екипи на Итната помош за секој случај пристигнале на местото на настанот, јави Нова.рс.
За време на новогодишната ноќ на познатиот сплав „Фристајлер“ во Белград сплавот одеднаш почнал да тоне. Забавата се претворила во панично бегство во моментот кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот. Кога последните гости бегале од сплавот, водата веќе им била речиси до колена, покажуваат снимките на кои се слушаат и пискотници.
– Се беше убаво додека наеднаш не се искрививме. Не сфативме веднаш што се случува, но кога ни се намокрија стапалата, настана вистински хаос. Пиштење, врескање и панично трчање кон излезот – раскажа за српските медиуми една девојката која ја дочека Новата година на овој сплав.
View this post on Instagram