НАЈЛОШОТО ЗА ЛОС АНЏЕЛЕС ДОПРВА ДОАЃА? Најавено е засилување на ветровите кои го разгоруваат пожарот

Силните ветрови и сувите услови го отежнаа справувањето со пожарите. Еден шеф на противпожарната служба во Лос Анџелес изјави за Би-Би-Си дека има „нула шанси“ да се локализираат пожарите.

1,724

Нови урагански ветрови со брзина од 65 километри на час се најавени во текот на денот во Лос Анџелес каде што за неполни 48 часа избија 6 шумски пожари. Додека повеќе од 137.000 луѓе ги напуштија своите домови, 2.000 градби остануваат уништени, цел кварт во Холивуд е опустошен, а вкупната опожарена територија се проценува на повеќе од 8.000 хектари.

Нема ниту вода за пиење бидејќи е загадена, а квалитетот на воздухот е на опасно високо загадувачко ниво, јавува Би-Би-Си. Огнените јазици однесоа најмалку пет жртви.






Гори во близина на познатиот симбол на Холивуд. Гори на булеварот Сансет. Познати ѕвезди и јавни личности од САД останаа без покрив над главите. Претседателот Џо Бајден го откажа патувањето во Италија, а откажана е и церемонијата на Оскарите.

 

Силните ветрови и сувите услови го отежнаа справувањето со пожарите. Еден шеф на противпожарната служба во Лос Анџелес изјави за Би-Би-Си дека има „нула шанси“ да се локализираат пожарите.

На социјалните мрежи се коментира дека ова лесно може да се нарече и „пекол на земјата“.

Иако ветровите се намалија во Санта Ана во текот на ноќта, се чини дека допрва претстои битка со пламените јазици.

 

Поврзани содржини