НАЈЛОШ МОМЕНТ ВО МОЈОТ ЖИВОТ Е КОГА НЕ ГО ПРЕПОЗНАВ СВОЕТО ДЕТЕ! Татко од Србија се бори од петни жили никој повеќе да не го доживее тоа!
Нашиот развод траеше 4 ипол години. Моето дете од овој брак е веќе адолесцент, има 15 години и е комплетно отуѓено од мене. Четири години не можев да го видам и не знаев како изгледа. Најлош момент во мојот живот беше кога во еден момент ми испратија негова фотографија од социјалните мрежи на која јас не го препознав, раскажува нашиот соговорник.
Минатата недела (27 и 28 април) екипата на „Мајка и дете“ беше на меѓународната конференција за рамноправно родителство во Нови Сад насловена како „Предизвици на рамноправното родителство“.
Се запознавме со членови на Центарот за рамноправно родителство од Нови Сад кој беше организатор на оваа конференција заедно со претставници на сродни организации и здруженија од регионот и разговаравме со дел од нив.
А тие, секој со своја приказна за растуреното семејство, за родителството, но и за неправдата што им се случува во сопствените држави, слична и заедничка за сите нив, родители кои по разводот/разделбата од своите партнери, поради несовршеноста на системот и нерамноправното родителство кое произлегува од постојните закони, генерално, во регионот, биле отуѓени од сопствените деца.
Првиот со кој разговаравме, Дејан Павловиќ, е претседател на Центарот за еднакво родителство (основан во 2013 година) со седиште во Нови Сад, Србија, едно од здруженијата од регионот фокусирани на цели со главен фокус на промоција и целосна имплементација на вредностите на еднаквото родителство, заштита на децата во бракоразводната постапка и по неа, како и заштита на улогата на двајцата родители и на најблиските роднини во животот на децата, а со цел – промена на законодавната и процесно-процедуралната рамка во правец на остварување на рамноправно родителство и подобра заштита на децата и семејствата во висококонфликтни семејни ситуации.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.