НАЈЛОШ ГОСТИН ВО ЕМИСИЈАТА Ѝ БИЛ КИЈАНУ РИВС Роузи О’Донел откри дека иако го сака како личност, актерот едноставно не е добар во ток-шоуа

Славната комичарка Роузи О’Донел е позната по тоа што е секогаш директна, а тоа го докажа неодамна кога откри кој ѝ бил најлош гостин во нејзиното популарно шоу „Шоуто на Роузи О’Донел“. Иако рече дека го сака како личност, О’Донел призна дека тоа бил Кијану Ривс.

357

Американската комичарка Роузи О’Донел е позната по тоа што е секогаш директна, а тоа го докажа неодамна кога откри кој бил нејзиниот најлош гостин во нејзиното популарно шоу „Шоуто на Роузи О’Донел“.

– Го сакам тој човек, но, тој едноставно не е добар во ток-шоуа – вели таа во „Сам Пенг Тунајт“.






Таа вели дека е „толку сладок“ и „изгледа одлично“, но за време на нивното интервју во 1997 година, била фрустрирана затоа што „тој не сакал да одговара на прашањата и не комуницирал“.

– Го прашував: „Па, Кијану, како е? Како се чувствуваш?“, се присети таа, а неговиот одговор бил: „Добро“.

– Бевме во етер, не можевме повторно да снимаме. По околу три минути, реков: „Знаеш, Кијану, ова е ток-шоу. Мора да зборуваш – раскажа таа додавајќи дека, за среќа, работите со текот на времето станале полесни.

– Кога се врати во шоуто, тој разбра како функционира – рече Роузи, додавајќи: „Тој е прекрасен човек и добродушен човек. Не сакам да го оцрнам.“

Самиот Кијану призна дека му е непријатно да се појавува во јавноста пред камерата бидејќи по природа е повлечена личност.

– Дојдов во Холивуд за да снимам филмови – изјави тој за списанието Parade во 2019 година.

– Благодарен сум за можноста, но јас сум затворена личност и ми е мило што сè уште можам да задржам барем дел од таа приватност.

Поврзани содржини