НА ЛИДЕРСКА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДАТУМОТ НА ИЗБОРИТЕ Ковачевски најави средба со шефовите на партиите во декември

За одржувањето на изборите, планирам во текот на наредниот период, бидејќи декември нуди таква можност, да се одржи една средба во Собранието со парламентарните партии на која што ќе можеме да ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите и идната година да одиме на избори, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

189

Лидерската средба на премиерот Димитар Ковачевски со шефовите на парламентарните партии за датум за изборите ќе се одржи во Собранието во декември, изјави денеска премиерот, но не го прецизираше денот кога ќе се одржи средбата.

Тој повтори дека во мај има доволно простор да се оддржат редовни претседателски и парламентарни избори, но одби да потврди дали изборите ќе бидат на 8 мај, кој е единствениот термин кога претседателските и парламентарните избори може да се одржат во редовниот термин.






– Се водат разговори со партиите за одржување на изборите и како што реков во мај има доволен простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. За одржувањето на изборите, планирам во текот на наредниот период, бидејќи декември нуди таква можност, да се одржи една средба во Собранието со парламентарните партии на која што ќе можеме да ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите и идната година да одиме на избори – рече Ковачевски.

Поврзани содржини