НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ПЕЛЕ ОТСТРАНЕТ МУ Е ТУМОР НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО И во овој натпревар влегувам со насмевка

Туморот е идентификуван на тестовите од минатата недела. За среќа, навикнав со вас да ги прославувам големите победи, напиша Пеле на Инстаграм.

321

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле во саботата е опериран и операцијата поминала успешно. Отстранет му е тумор на дебелото црево и 80 годишниот ексфдбалер сега закрепнува.

Претходно во фудбалскиот свет кружеле информации дека поранешниот фудбалер на Сантос се онесвестил и дека поради тој е примен во болница, но тоа било демантирано.






„Сакам на сите да им се заблагодарам на пораките за поддршка. Му благодарам на бога дека се чувствувам добро, како и на лекарите Фабио и Мигеле кои се грижеа за моето здравје. Минатата сабота бев подврнат на операција на дебелото црево и беше отстранета сомнителна лезија. Туморот е идентификуван на тестовите од минатата недела. За среќа, навикнав со вас да ги прославувам големите победи. И во овој натпревар ќе влезам со насмевка на лицето и со оптимизам и радост бидејќи сум опкружен со семејството и со пријателите“, напиша Пеле на Инстаграм.

Пеле зад себе има колосална кариера во текот на која постигнал повеќе од 1.000 голови во професионалниот фудбал, најмногу за Сантос, а со репрезентацијата на Бразил трипати го освојувал Светското првенство-1958, 1962 и 1970 години. Тој е најдобриот стрелец во историјата на „Селесао“ со 77 голови на 92 натпревари.

Поврзани содржини