НА КРИС РОК ШАМАРОТ ЌЕ МУ ДОНЕСЕ ДВА МИЛИОНИ ДОЛАРИ Сите се „тепаат“ за комичарот

Комичарот е преплавен со значителни парични понуди за неговото прво интервју, а Опра Винфри и Елен Деџенерис ги предложија своите емисии за првите коментари на Крис.

568

По шамарот на Вил Смит на Оскарите, Крис Рок ќе заработи повеќе од два милиони долари откако ја распродаде турнејата, а според британски „Сан“, многумина се борат за неговото прво интервју по инцидентот.

Комичарот е преплавен со значителни парични понуди за неговото прво интервју, а Опра Винфри и Елен Деџенерис ги предложија своите емисии за првите коментари на Крис.






Интервјуто не е единственото нешто што може да му донесе приход, а според „Сан“, билетите за стенд ап комичарското шоу се меѓу најбараните во последните неколку дена.

Наведуваат дека неговото решавање на ситуацијата „со таква грациозност и сталоженост“ придонело за неговата популарност и дека благодарение на тоа заработува значителни суми.

Неговата турнеја е распродадена неколку месеци однапред, а тој додаде повеќе датуми благодарение на зголемената побарувачка.

Моментот кога Вил му удри шлаканица на Крис, откако тој се пошегува на сметка на сопругата на актерот Џејда Пинкет Смит, помина како еден од најшокантните моменти во историјата на престижната награда.

Според американските медиуми, Вил добил две недели да ја спаси својата холивудска кариера, откако Академијата потврдила дека гласаат за дисциплински мерки.

Вил се подготвува да сведочи за својот случај на рочиштето на 18 април.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини