КОМУ СЕ РАЗДОЛЖИ ГРАД СКОПЈЕ? Извршител ја „олеснил“ градската каса за 95 милиони денари
Од Град Скопје досега не одговорија кој е доверителот и колку од парите се платени за основниот долг, колку за камати и колку за награда на извршителот.
Од сметката на Град Скопје во периодот од 9 до 15 мај била извршена присилна наплата на повеќе од 95 милиони денари, односно повеќе од 1,5 милиони евра, од канцеларијата на извршителот Христо Јованов, објави порталот Фактор.
Како што може да се види од платформата „Отворени финансии“ исплатите се одвивале по четири различни основи. Има повеќе од 30 трансакции кои се одвивале во период од неколку дена. Највисоката сума – 16.866.792 денари е исплатена на 15 мај. На 9 мај била исплатена највисоката вкупна сума – повеќе од 37 милиони денари.
Од Град Скопје досега не одговорија кој е доверителот и колку од парите се платени за основниот долг, колку за камати и колку за награда на извршителот.
