НА КОГО МУ МАВТАШЕ ВУЧИЌ? Поздрав до скалите, нивите, бандерите… (ВИДЕО)
Пред неколку дена во Србија беше отворена брзата пруга Белград-Нови Сад, со што двата најголеми српски града се приближија на само околу половина час возење.
Српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна се возеше во возот што ги поврзува Белград и Нови Сад во друштво на унгарскиот премиер Орбан. Тоа е нова, брза линија што ги поврзува два града. Вучиќ мавташе од возот, често, но никому …
Пред неколку дена во Србија беше отворена брзата пруга Белград-Нови Сад, со што двата најголеми српски града се приближија на само околу половина час возење.
Во возот Соко се качи и унгарскиот премиер Виктор Орбан придружуван од претседателот на Србија.
Во текот на возењето, Вучиќ мавташе и ги поздравуваше луѓето кои биле собрани од страната на возот. Но, како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, Вучиќ „залудно“ мавташе. А мавташе и Орбан иако според неговиот израз на лицето, тој беше многу збунет.
Во првиот дел од возењето сѐ уште можеше да се види и по некој човек, но во следниот кадар ретко да се видеше некој човек, но Вучиќ сепак мавташе и мавташе.