НА КОГО ЌЕ МУ СЕ СТЕМНИ ПОРАДИ BLACK FRIDAY? Ќе има засилени инспекции низ целата земја

Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.

163

Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања „Black Friday“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.

Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.






-Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги по читуваат законските обврски. Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите. Ги повикуваме граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk – велат од Инспекторатот.

Поврзани содржини