„НА КОГО ДА МУ ЈА ОТСЕЧАМ ГЛАВАТА?“ Марија Шерифовиќ врескала на аеродромот, не можела да се контролира
Српската поп пејачка Марија Шерифовиќ беснеела на аеродромот бидејќи имала проблеми со билетот и летот, но на крајот сепак сè се средило и таа пристигнала на посакуваната дестинација.
Српската поп пејачка Марија Шерифовиќ беснеела на аеродромот бидејќи имала проблеми со билетот и летот, но на крајот сепак сè се средило и таа пристигнала на посакуваната дестинација.
Марија Шерифовиќ морала да го прекине одморот накратко, бидејќи морала да го одржи својот настап во Црна Гора, а на социјалните мрежи откри каков хаос имала на аеродромот.
Шерифовиќ рекла дека авионот прво доцнел, но не поради лоши временски услови, како што првично било наведено.
– Авионот доцнеше, наводно поради времето. Меѓутоа, не е поради времето, туку затоа што задоцнил од претходната дестинација – рекла Марија, а потоа признала дека тоа не бил единствениот проблем што го имала на аеродромот:
– Јас претходно едвај се чекирав, бидејќи за мојот лет продале повеќе билети! Ми рекоа: „За вас нема повеќе место во авионот!“ Јас велам: „Фантастично! Чија глава треба да отсечам?“
Иако била многу лута, Марија на крајот успеала да се смири, а подоцна без никакви проблеми пристигнала во Цетиње.