🎥 НА КОЈ ЈАЗИК ЗБОРУВАШЕ МЕЛАНИЈА ТРАМП СО НЕПОЗНАТАТА ЖЕНА НА УЛИЦА? Едни велат на српски, други на хрватски, а вие?

1,526

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ги посетија областите на Лос Анџелес кои беа опустошени од пожарите, а на социјалните мрежи набрзо почна да се споделува снимка од разговорот на Меланија со една од жртвите.

Имено, при посетата тие решиле директно да разговараат со луѓето кои останале без своите домови. Една од нив беше жена, која, судејќи по јазикот што го зборува, по потекло е од Балканот.






Иако американските медиуми најчесто пишуваа дека тоа е словенечки јазик, бидејќи Меланија е по потекло од Словенија, повеќето корисници на социјалните мрежи реагираа дека тоа не е словенечки. Некој напиша дека станува збор за српски јазик. Друг напиша дека се работи за хрватски јазик. Трет за српско-хрватски. Четврт за босански…

На почетокот од нивниот разговор се слуша како госпоѓата ги поздравува, а Меланија Трамп одговара со „Добар дан. Како сте?“

После тоа, госпоѓата им се заблагодарува што дошле и продолжува да зборува на својот мајчин јазик, изјавувајќи дека живее во Кали од својата 10-та година. Таа потоа одговара на прашањата на Меланија, наведувајќи дека имало подобри денови, и покажува каде живееле, и ја запознава со нејзиниот сопруг и на крајот тој вели дека има два сина.

Поврзани содржини