НА „КАМП НОУ“ БЕЗ ГОЛОВИ, НА УЛИЦИТЕ ТЕПАЧКИ Нереди по натпреварот помеѓу Бенфика и Барселона (ВИДЕО)

Фудбалскиот натпревар помеѓу Бенфика и Барселона на „Камп Ноу“ заврши со тепачки и нереди, јавуваат повеќе медиуми.

990

Навивачите на Бенфика, потпомогнати од навивачите на сплитски Хајдук, групата Торцида, наводно се судриле со навивачите на Барселона.

На социјалните мрежи кружат снимки на кои навивачите на Бенфика и Торцида упаднале во кафулето Боиксос Ноиса, кај најжестоката навивачка група на Барселона.






Ситуацијата брзо била смирена од полицијата. Нема информации за евентуално повредени и приведени навивачи.

За да обезбеди сигурно место во нокаут фазата од Лигата на шампиони, Барселона синоќа требаше да ја победи Бенфика, но дуелот заврши без голови, што ја остава Барселона на второто место на табелата, со мали шанси да остане таму и по следното коло, во кое Каталонците ќе гостуваат на Баерн Минхен, а Бенфика дома ќе игра против Динамо Киев.

Поврзани содржини