„Најк“ го тужи славниот рапер поради сатанските патики

1,580

Еден од најпознатите американски рапери, Лил Нес Икс, лансираше „сатански патики“ – модификација на познатиот модел „Nike Air Max 97“, со бронзен пентаграм, превртен крст и додаток во воздушниот ѓон – црвена точка што треба да асоцира на „една капка човечка крв“.

Компанијата „Најк“ одлучи да ја тужи компанијата од Њујорк која ги направила сатанските патики, и тоа во соработка со славниот рапер. Патиките се модификација на патиките од 1997 година, но со ѓаволска тема – во црвена и црна боја.






Во тужбата на компанијата „Најк“ се наведува дека компанијата „МСЦХФ продакт студио ИНЦ“ (MSCHF Product Studio INC), го искористила логото на „Најк“ при изработувањето на црвено-црните патики со темен ѓавол која почна со онлајн продажба во понеделникот.

Специјалните „сатански патики“, направени во серија за „само 666“ од оние кои ќе имаат „среќа“ да ги купат, чинат 1.018 американски долари. Во меѓувреме, патиките се распродадени.

Патиките беа претставени заедно со нова песна од Лил Нас Икс, насловена „Montero (Call Me By Your Name)“. На видеото раперот се спушта на столб од рајот во пеколот.

Количината во која се произведени патиките претставува бројот на ѓаволот, додека цената е повикување на делот од Библијата, означен на патиките, а се однесува на сатаната „како паѓа како молња од небото“ (Евангелие по Лука 10:18) .

Американските портали јавуваат дека заедницата на Твитер и фановите се шокирани и барем згрозени од новиот модел и придружната рекламна порака „подобро е да се владее во пеколот, отколку да се служи во рајот“.

 

Поврзани содржини