НА ИЗБОРИТЕ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ СО 20 ПРАТЕНИЦИ РАЗЛИКА Аналитичарот Владимир Божиновски смета дека СДСМ го изгубил единствениот адут

Како поминува времето така расте довербата дека ВМРО-ДПМНЕ стои на кажаното и ги штити националните интереси, довербата во нив расте – рече Божиновски во гостување на ТВ Алфа.

644

Не е добро за власта кога расположението кај граѓаните е видливо и без анкети. Самото расположение кај граѓаните покажува сериозна разочараност во односот на делувањето на актуелната власт, какво што не паметам досега. Вакво разочарување досега немало, а тоа се одразува и на самите анкети – рече аналитичарот Владимир Божиновски во гостување на ТВ Алфа.

Според Божиновски, единствен политички адут на СДСМ биле уставните промени и со оглед на тоа што тие не успеале, разликата на парламентарните избори ќе биде најмалку 20 пратеници во корист на ВМРО-ДПМНЕ.






– Сега нема промена на уставот, разликата може само да се зголемува. Како поминува времето така расте довербата дека ВМРО-ДПМНЕ стои на кажаното и ги штити националните интереси, довербата во нив расте. Сега имате влада која од 2020 досега нема ништо направено освен да повторува за евроинтеграции и да не води во ќорсокак. Ќе излезат на избори и што ќе кажат – праша Божиновски.

Поврзани содржини