На избори со Господ напред!

Ако не излезат луѓето на гласање, тогаш изборите нема да бидат легитимни. На тој начин ќе остане одлуката да ја носат само партиските гласачи, а не и оние што се неопределени и кои објективно го даваат гласот за оној кандидат што им оставил најдобар впечаток, изјави владиката Петар за Плусинфо.

1,127

Ние не одлучуваме кога да се одржат изборите, но во секој случај, ако се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, тогаш треба сите граѓани масовно да излезат на гласање, изјави за Плусинфо, митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.






Најдобро е сите граѓани да излезат на гласање.

г. Петар Митрополит преспанско-пелагониски

– Не треба да се бега од гласањето, но по секоја цена треба да се почитуваат мерките за претпазливост. Истото го велев и за празникот Задушница кога на верниците им беше забрането да одат на гробишта, но тоа е веќе минато време и не можеме да го промениме. Сега зборуваме за изборите и тие треба да се случат. Ако не излезат луѓето на гласање, тогаш изборите нема да бидат легитимни. На тој начин ќе остане одлуката да ја носат само партиските гласачи, а не и оние што се неопределени и кои објективно го даваат гласот за оној кандидат што им оставил најдобар впечаток. Токму затоа, сметам дека најдобро е сите граѓани да излезат на гласање. Секако, задолжително е почитувањето на протоколите и носењето заштитна опрема – изјави г. Петар.

Владиката предлага повозрасните категории на граѓани да гласаат посебно, бидејќи, како што објаснува, на тој начин значително ќе се намали можноста за контакт со оние кои се преносители на болеста.

– Јас сум во таа категорија која се смета за ризична, па затоа предлагам за повозрасните луѓе како мене да се определи посебен ден за гласање. На тој начин можноста за пренесување на заразата ќе се сведе на минимум, бидејќи ќе одбегнеме контакт со преносителите на болеста – објасни владиката.

Митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, пак, за Плусинфо вели дека секој граѓанин треба сам да донесе одлука дали ќе го искористи своето право на глас. На прашањето какви совети им дели на верниците во поглед на тоа дали да излезат на гласање или да останат дома, владиката рече дека не го интересира политиката и дека има „своја нива за копање“.

– Јас не се мешам во политика. Секоја личност поединечно нека си одлучи дали да излезе на гласање или да си остане дома. Доволно си имаме работа во црквите и ние си ја гледаме нашата нива – рече г. Тимотеј.

Поврзани содржини