НА ИТНА СЕДНИЦА ЌЕ БИДЕ НАЗНАЧЕН В.Д. ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот на јавни обвинители чека информација од Собранието за оставката на Коцевски
Според Законот за јавно обвинителство, Собранието треба да распише оглас за избор на државен обвинител веднаш штом се упразни местото. Додека траат роковите од огласот, функцијата ја врши вршител на должноста, кого Советот на јавни обвинители треба да го назначи од редовите на републичките обвинители.
Советот на јавни обвинители на итна седница ќе избере вршител на должност државен јавен обвинител, по оставката на Љупчо Коцевски.
Претседателот на Советот, Башким Бесими информира дека ја очекува информацијата од Собранието дека е констатирана оставката на досегашниот републички обвинител Коцевски. Штом пристигне, тој веднаш ќе свика итна седница на која ќе именуваат вршител на должност на функцијата, кој ќе остане на таа позиција до изборот на нов.
Според Законот за јавно обвинителство, Собранието треба да распише оглас за избор на државен обвинител веднаш штом се упразни местото. Додека траат роковите од огласот, функцијата ја врши вршител на должноста, кого Советот на јавни обвинители треба да го назначи од редовите на републичките обвинители.
Во државното обвинителство обвинители се Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.
Обвинителот Љупчо Лоцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител. Тој го стори тоа непосредно пред собраниската седница на која пратениците требаше да го разглеуваат предлогот за неговото разрешување што го поднесе Владата.
Летово пратениците изгласаа интерпелација за Коцевски, но тој не поднесе оставка и со месеци тврдеше дека нема да се повлече од функцијата.