НА ИСТА ЛИНИЈА СЕ БУГАРСКИТЕ БАРАЊА СО ОНИЕ НА АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР Потисната е државотворната димензија на мнозинскиот македонски народ, вели академик Ќулавкова
Не смеат да се случат измени на македонскиот Устав само заради бугарските барања и албанските амбиции за федерализација на Македонија, порача академик Катица Ќулавкова во анализа на весникот „Нова Македонија“.
Сѐ повеќе се потиснува државотворната димензија на мнозинскиот македонски народ, забележува академик Катица Ќулавкова во анализата објавена во весникот Нова Македонија.
Таа вели дека бугарските барања за менување на македонскиот Устав и оние од албанскиот политички фактор се практично на иста линија, што води, како што посочува, до своевидно потиснување на државотворниот статус на македонскиот народ во својата матична држава Македонија.
– Не смеат да се случат измени на македонскиот Устав само заради бугарските барања и албанските амбиции за федерализација на Македонија. Самото отворање на Уставот за внесување на Бугарите во преамбулата, значи отворена можност за сите идеи и барања кои сѐ погласно се артикулираат во јавниот простор од претставниците на албанскиот политички блок. Тоа се покажа со сите досегашни отворања на Уставот, па со воведувањето балансер и Бадентерово мнозинство како критериум за некаква правична етничка застапеност, стигнавме до еден неприроден дисбаланс, што практично води до апартхејд. Потисната е државотворната димензија на мнозинскиот македонски народ, како во Уставот, така и во секојдневниот живот. Сите овие идеи за менување на македонскиот Устав и редефинирање на уставноправниот систем се дел од една хибридна војна на штета на Македонците – вели академик Катица Ќулавкова.
Инаку, албанската опозиција во земјава порача дека нема да даде поддршка за уставните измени ако не се избришат оние 20% од Уставот и да се заменат со албански јазик.