НА ИНВЕСТИТОР МУ ВАДЕЛА ДУША Сакал да постави фотонапонска централа, му го одбила барањето
Службеничка од Делчево доби кривична пријава за кривично дело „несовесно работење во службата", казниво по чл.353-в од Кривичниот законик
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(57) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”, казниво по чл.353-в од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.
Осомничената, вработена во Општина Делчево, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево. Имено, таа по одговорот на забелешките од барателот, изготвила Решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот било поништено од второстепениот орган. Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, кое станало правосилно на 25. август 022. Со ваквото постапување Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.