НА ИНСТАГРАМ БОЖИЦА СО СОВРШЕНИ СТОМАЧНИ, А ВО ЖИВО ПРОСЕК Вака Џеј Ло реално изгледа (ФОТО)

Папараците ја „уловиле“ пејачката додека се шетала со својата ќерка, а на фотографиите јасно се гледа дека не изгледа совршено (што е и нормално).

4,600

Инстаграм-профилот на латино дивата Џенифер Лопез е преполн со нејзини фотографии на кои акцент на нејзината витка линија и извајаните стомачни мускули. Меѓутоа, се чини дека  за совршената линија на поп дивата е заслужен фотошопот.

Имено, папараците ја „уловиле“ пејачката додека се шетала со својата ќерка, а на фотографиите јасно се гледа дека не изгледа совршено (што е и нормално) и дека реалноста е далеку од она што го гледаме на социјалните мрежи.






Фотографиите со неверојатна брзина го обиколија светот, а веднаш потоа се појавија бројни коментари во кои обожавателите главно ја критикуваат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo.world)

На обожавателите на Џеј Ло не им е јасно зошто испраќа искривена слика за себе и зошто „лажно се претставува“.

Џенифер Лопез секако е убава жена, но ѝ забележуваат што не се претставува реално, како што изгледа.

„Дали е свесна колку тоа лошо влијае на помладите генерации. Зошто е срамота да се има опуштен стомак?“, „Социјалните мрежи станаа место каде повеќе никој не личи на себе“, „Секако дека изгледа добро, јас не разбирам зошто толку многу се користи фотошоп“, се само дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo.world)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини