На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 794 пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.271 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 13, Кавадарци 53, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.