На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 359 пациенти, слободни кревети има

257
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти. Во болницата во Штип е хоспитализиран 39 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 52 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 20 во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 611 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Поврзани содржини