На инфективните одделенија во земјата има слободни 120 кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285.

287

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285 и има околку 120 празни болнички кревети во ковид центрите. информира Министерството за здравство.

Од нив во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусо..






– Во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 31 заболен. Во болницата во Струмица хоспитализиран е 91 пацинет, во Кочани 21, во Кичево 18, во Кавадарци 39, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот – додаваат од МЗ.

Оттаму додаваат дека  сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Поврзани содржини