На инфективните клиники се лекуваат 438 болни од ковид-19

Министерството за здравство соопшти дека од утре, не од денеска како што беше најавено вчера, и ковид центарот на Клиниката за очни болести ќе прима пациенти. Таму има 33 кревети. 

332

Вкупно 438 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.Ова денеска го соопшти Министерството за здравство.

Според соопштеното, само во изминатотот деноноќие во ковид центрите во Скопје се приемни  41 нови пациент со компликации од коронавирусот, а дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Ова денеска го соопшти Министерството за здравство.






„На интерните клиники имало вкупно 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица“, стои во соопштението.

Од Здравство информираат и дека моментално на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, од кои 10 деца и 27 возрасни.

Министерството за здравство соопшти дека од утре, не од денеска како што беше најавено вчера, и ковид центарот на Клиниката за очни болести ќе прима пациенти. Таму има 33 кревети.

Поврзани содржини