На Инфективна починаа од ковид-19 двајца пациенти од Лабуништа, по еден од Прилеп и Куманово и уште двајца во ГОБ
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.
Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 329
Куманово – 236
Дебар – 49
Штип-28
Прилеп –85
Тетово – 38
Струга – 43
Велес – 34
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –9
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2
Кичево – 1
Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен факултет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Клиника Жан Митрев – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19.