НА ИНДИ АРАДИНОВИЌ Ѝ ПУКНАЛ СИЛИКОНОТ ВО ГРАДИТЕ По тепачката со сестра ѝ Едита
По жестоката физичка пресметка со сопствената сестра Едита, пејачката Инди Арадиновиќ доживеа нова непријаатност.
По жестоката физичка пресметка со сопствената сестра Едита, пејачката Инди Арадиновиќ доживеа нова непријатност. На Инди ѝ пукна силиконот во градите, поради што мора итно да се оперира.
И самата Инди потврди дека не се работи само за озборување.
– Сè што слушнавте е вистина. Одам на итна операција. Силиконот ми пукна, а во исто време се излизга – изјави Инди за „Блиц“ и додаде:
„Со оглед на тоа што веќе го менувам силиконот, ќе ги зголемам и градите за една големина“.
Да потсетиме, пејачките и сестрите Едита и Инди Арадиновиќ ја шокираа јавноста кога се појави видео од нивната брутална физичка пресметка. Сестри се степаа, се кубеа за коса и се туркаа на земја среде улица, додека непознат млад човек се обиде да ги раздели. На крајот во кавгата влета и мајката на пејачките, која успеа да ги раздели ќерките. Притоа, Едита ѝ го одзема мобилниот од рака на Инди и го фрли на земја.
Подоцна се огласија и двете по повод оваа случка и рекоа дека се во добри односи и дека тоа било сестринска работа.
ФОТО: Инстаграм