На хируршките маски коронавирусот живее 7 дена: Конечно потврдено колку вирусот се задржува на секоја површина
Новиот коронавирус е респираторно заболување и најчесто се пренесува преку капки, но откако се појави, се дебатираше за тоа колку може да се задржи на површините.
Најновата студија објавена во стручниот магазин „Лансет“ откри дека коронавирусот најдолго се задржува на не’рѓосувачки челик, пластика, но и хируршки маски – дури до 7 дена!
Студијата исто така открила дека на хартија се задржува најмногу три часа. Два дено морало да поминат за да исчезне коронавирусот од волна и другите ткаенини, а најмногу време било потребно за вирусот да исчезне од надворешната страна на хируршката маска, пренесува Јаху. Имено, седмиот ден сè уште се наоѓал таму, иако во помали количини.
Поради тоа, исклучително е важно редовно да ги дезинфицирате површините со кои најчесто доаѓате во контакт, но исто така и хируршката маска да ја носите само еднаш, а потоа да ја фрлите, претходно завиткувајќи ја во посебно ќесе.
Ако користите памучна маска направена во домашни услови, исперете ја на 90 степени во машината после секоја употреба и испеглајте пред да ја користите следниот пат.
Сите мазни површини се сметаат за најризични, вклучително и паметните телефони, тастатурите и работните маси, без оглед од кој материјал се направени.