На грчките плажи од денеска има и музика и алкохол
Се отвораат внатрешните делови на кафулињата и на рестораните. Во внатрешниот дел на кафулињата и угостителските објекти, дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде 90 сантиметри, едно метро и 20 сантиметри или едно метро и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.
Од денеска во Грција се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите, додека пак на организираните плажи дозволено е да се постават маси, да се пушта музика и да се служат алкохолни пијалаци, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, од денеска, по речиси тримесечен прекин, почнува грчкото фудбалско првенство.
Дополнителното олабавување на мерките е во рамките на планот на грчката Влада за постепено враќање на земјата во „новата нормалност“.
Во внатрешниот дел на кафулињата и угостителските објекти, дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде 90 сантиметри, едно метро и 20 сантиметри или едно метро и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.