НА ГРАЃАНИТЕ ВЕЌЕ НЕ ИМ СЕ ТРПИ НЕУСПЕХОТ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ И НА СУДИИТЕ Правдата не смее да чека
Државниот обвинител Љупчо Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот, ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Функционирањето на обвинителот Љупчо Коцевски повеќе од 8 месеци е поразително. Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери од СДСМ и од ДУИ. Љупчо Коцевски 8 месеци нема покренато ниту едно обвинение, тој е целосно одговорен за непостапувањето и неработењето на обвинителите под него. Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДСМ и од ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот, тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Коцевски не постапува по наводите за криминал, се додава во соопштението. Коцевски и Јавното обвинителство со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ поради контрола на судството инсталираше обвинители и судии избрани во Струмица и во Зајас, кои не постапуваат по наводите за криминал. Извештајот на Транспаренси, каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција, покажува дека токму правосудството е најслабиот столб во општеството во кое граѓаните имаат доверба од само 2 проценти. Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот, ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции, се вели во сооптението на партијата.