НА ГРАЃАНИТЕ ОД ПОЛОГ ИМ СЕ ПРЕКИНАТИ ДЕТСКИТЕ ДОДАТОЦИ Aлијанса за Албанците обвинува дека на удар се најранливите категории
Владата и одговорното соодветно Министерство итно да ја исправат оваа неправда и да ги исплатат сите суми што им следуваат со закон. Во спротивно ги повикуваме граѓаните да ја тужат државата, се вели во соопштението.
Партијата Алијанса за Албанците на денешна пресконференција обвинува дека на граѓаните од регионот Полог не им стигнуваат детските додатоци откако се покачи минималната плата во земјата. Тие апелираат до Владата да го реши овој проблем, додавајќи дека ако неправадата не биде исправена граѓаните имаат право да ја тужат државата.