НА ГОЛМАНИТЕ ИМ СЕ ТРЕСЕА НОЗЕТЕ КОГА ТОЈ СЕ МЕСТЕШЕ ЗА ШУТ Се одјави легендата Синиша Михајловиќ

Во кариерата освои 16 шампионски трофеи – пет првенствени титули, Купот на шампиони, поранешниот КПК, четири национални купа на Италија, Интерконтиненталниот куп, Суперкуп на Европа и три Суперкупа на Италија.

840

Еден од најдобрите српски и југословенски фудбалери и член на шампионската генерација на Црвена звезда, Синиша Михајловиќ почина по долга и тешка болест во 53 година од животот, објави „Газета дело спорт“.

Михајловиќ почина во болница во Италија, опкружен со семејството. Неговата здравствена состојба наеднаш се влоши во изминатите денови, иако неколку пати ја победуваше тешката болест, но леукемијата, сепак, засекогаш го згасна неговиот живот.






Роден е на 20 февруари во 1969 година во Вуковар, а професионалната фудбалска кариера ја почна во екипата на Војводина во 1988 година. Во декември во 1990 година направи трансфер во Црвена звезда за еден милион германски марки, што претставуваше апсолутен рекорд во југословенскиот фудбал. Во „црвено-белиот“ дрес играше во средината на теренот, а по преселбата во Рома во 1992 година, почна да игра и на позицијата лев бек.

Две години подоцна ја прифати понудата на Лацио, а кариерата ја заврши како член на милански Интер.

Во кариерата освои 16 шампионски трофеи – пет првенствени титули, Купот на шампиони, поранешниот КПК, четири национални купа на Италија, Интерконтиненталниот куп, Суперкуп на Европа и три Суперкупа на Италија.

И денеска е рекордер во Серија А со 28 постигнати голови од слободен удар. Во една прилика во Бразил се подложи на мерење на јачината на шутот и беше утврдено дека топката се движела со брзина од 165 километри на час.

Поврзани содржини