НАЈГОЛЕМИТЕ УМОВИ ВО ЗЕМЈАВА ЌЕ КРОЈАТ ПАТОКАЗ ЗА ИДНИTE ВЛАДИ Мицкоски повикува на обединување

Нашата цел е да ги собереме сите умови во државава за да можеме да создадеме документ којшто ќе биде патоказ за сите идни влади, не само за оваа Влада, околу кој ќе се обединиме сите без разлика на нашите етнички и партиски различности, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

757

Ќе создадеме стратешки документ којшто ќе биде патоказ за сите идни влади, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија која денеска ја носи Собранието, а чиј предлагач е Владата.

– Па јас не очекувам од СДСМ да поддржува владини политики, тие мислат дека тоа им е добра стратегија, јас не мислам дека е тоа добра стратегија. И мислам дека тука новиот претседател на СДСМ има внатрешни проблеми со луѓе кои го носат во длабоко и се обидуваат што побргу да го удават, бидејќи имаат свои некои интереси внатрешно во партијата, но тоа е нивен проблем, не е наш проблем – рече тој.






Премиерот објасни дека станува збор за два сосема различни документи.

– Оној со Македонската академија на науките и уметностите е стратешки документ којшто третира области коишто не се содржани во оваа Национална стратегија и така натаму. Нешто коешто е многу важно и во име на тоа јас ги повикувам уште еднаш да размислат и да застанат позади оваа иницијатива, бидејќи сепак, ете, нашата цел е да ги собереме сите умови во државава за да можеме да создадеме документ којшто ќе биде патоказ за сите идни влади, не само за оваа Влада, околу кој ќе се обединиме сите без разлика на нашите етнички и партиски различности – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини