НАЈГОЛЕМИТЕ ОСТАВКИ ВО ИСТОРИЈАТА Черчил, Шарл Де Гол, Никсон, Тачер и Тони Блер не се предомислија

Оставки давале Винстон Черчил, Ричард Никсон по скандалот Вотергејт, железната Маргарет Тачер само затоа што изгубила на партиски избори, Шарл Де Гол во 1969 година дал оставка откако за сосем малку изгубил на референдум за децентрализација на Франција, а од балканските политичари, оставка дал Сали Бериша во Албанија, Иво Санадер во Хрватска, но и Јоргос Папандреу во Грција во 2008 година, заради одговорност за економската криза која ја исцрпи земјата и ја доведе на колена.

800

Оставките се етички манир на некои од најголемите светски политичари, а тие не се двоумеле да се повлечат кога биле фатени во криминал или лошо раководење со државите. Плусинфо проба да ги најде политичарите кои се премислиле и во последен момент не ја дале оставката, како што тоа е случајот со сегашниот македонски премиер, но се покажа дека такви случаи во историјата речиси и да нема.

Затоа, пишуваме за неотповикливите оставки и за драматични говори на политичарите кои преку нив се обиделе и, делумно, успеале да го обелат образот на државата, партијата, честа. Оставки давале Винстон Черчил, Ричард Никсон по скандалот Вотергејт, железната Маргарет Тачер само затоа што изгубила на партиски избори, Шарл Де Гол во 1969 година дал оставка откако за сосем малку изгубил на референдум за децентрализација на Франција, а од балканските политичари, оставка дал Сали Бериша во Албанија, Иво Санадер во Хрватска, но и Јоргос Папандреу во Грција во 2008 година, заради одговорност за економската криза која ја исцрпи земјата и ја доведе на колена.






Винстон Черчил

Познатиот челник кој им помогна на Британците да ја пребродат Втората светска војна, си дал оставка во 1955 година, откако се открило дека има тешки здравствени проблеми. Пред да замине тој одржал драматичен говор во Долниот дом на Сенатот.

Под мотото „Никогаш не очајувајте“, Черчил ја изложил својата загриженост за деструктивната моќ на новоразвиената атомска бомба во контекст на Студената војна, но завршил со архетипскиот оптимистички тон на водачот од времето на војната:

– Може да осамне денот кога фер-плејот, љубовта кон ближните, почитувањето на правдата и слободата, ќе им овозможат на измачените генерации мирно и триумфално да одмаршираат од грозоморната епоха во која треба да живееме. Во меѓувреме, никогаш не трепнувајте, никогаш не се уморувајте, никогаш не очајувајте – завршил тој.

Џорџ Вашингтон

Многу американски претседатели давале оставки почнувајќи уште од 19 век. Во Соединетите Држави, политичкиот „збогум“ е секогаш исполнет со емоции и интриги, а понекогаш и со шоуменство.

Вообичаено е американските претседатели да упатуваат проштално обраќање до нацијата, кое датира од Џорџ Вашингтон, кој предупреди дека партизацијата може да доведе до „урнатини на јавната слобода“.

Ричард Никсон

Ричард Никсон одржа драматично проштално обраќање во август 1974 година, објавувајќи ја својата оставка во срам по скандалот со прислушкување Вотергејт. Се докажа дека Републиканците од десницата, успеале да постават опрема за прислушување во канцелариите на Демократите, а Никсон потоа беше принуден и јавно да ги објави прислушуваните снимки.

– Со преземањето на оваа акција се надевам дека ќе го забрзам почетокот на процесот на заздравување, кој е толку очајно потребен во Америка – рече тој во телевизиското обраќање од Овалната соба во Белата Куќа.

Тони Блер

Безмалку очигледно е дека оставката на Тони Блер сè уште беше клучен момент во поновата политичка историја на Велика Британија. Реториката беше нечуена, како Блер да се обраќа на државен митинг.

– Оваа земја е благословена земја. Британците се посебни – рече тој. – Светот го знае тоа, ние го знаеме, ова е најголемата земја на планетата.

Но, ефектите од неговата оставка, по години шпекулации, беа моментални. Премиерот Браун кој го наследи, поништи некои политики, како што се оние за супер-казина и канабис. Тоа беше последниот момент кога лабуристите ќе се возат на високо. Лабуристите има неколку подеми и падови оттогаш, а нивниот лидер Џереми Корбин даде оставка откако беше поразен на изборите во 2019 година.

Вреди за споменување дека оставка од премиерската функција даде и Тереза Меј, откако не успеа да го донесе законот против Брегзит во Британија. Оставки дале и Роберт Кук, Борис Џонсон и други видни личности во Обединетото Кралство.

Маргарет Тачер

Но, да се вратиме наназад. Речиси 30 години пред оставката на Тони Блер, оставка си даде една железна дама, можеби една од најпочитувани жени политичарки во историјата, Маргарет Тачер. По 11 години на премиерската функција Тачер ненадејно ги губи партиските избори во нејзината Конзервативна партија во 1990 година, а причината била тоа што не се согласувала со новите политики на тогашната ЕЕЗ, предвесник на ЕУ, која го почнувала својот проект за еврото. Нејзините сопартијци го избрале Мајкл Хеселтин.

Со солзи во очите, првата жена лидер на Конзервативната партија одржа говор во Долниот дом во кој се навраќаше на времето кога беше на функција и ги нападна нејзините лабуристички непријатели.

– Уживам во ова! – рекла таа од говорницата откако се соочи со навредите од опозицијата.

„Ништо не беше помаркантно за премиерско место на Маргарет Тачер како нејзиното заминување од него“, напишал тогаш Ендрју Раунсли од „Гардијан“ за нејзиниот настап. „Последниот голем настап ѝ беше како на командантка. Беше тоа умирачка арија што свиреше во преполното собрание“.

Себастиан Курц

Овој проблематичен лидер двапати беше фатен во корупција и криминал и немаше среќа со оставките. Првиот пат, во пролетта 2019 година, австриските обвинители соопштија дека канцеларот и девет други лица се под истрага за поткуп, но и дека манипулирале со анкети за јавното мислење. Истражителите го дознаа ова откако извршија рации во канцелариите на неговата владејачка партија.

Курц веднаш ја објави својата оставка, но инсистираше на тоа дека обвинувањата против него „се лажни и ќе можам да го расчистам ова … Јас сум длабоко убеден во тоа“.

Оставката се покажа како корисна, бидејќи му го избели образот и му донесе победа на изборите во септември истата година. Курц доби девет нови места во парламентот и се врати на власт. Но, не за долго, веќе на 6 октомври годинава тој беше фатен во нов скандал. Овојпат, Курц одби да се повлече, но по големи негодувања мораше да попушти. Тој даде оставка по втор пат, а на премиерското столче беше заменет со Александар Шаленберг, од неговата партија.

Многумина сметаат дека Курц „од сенка“ го манипулира Шаленберг и дека сè уште владее со Австрија.

Иво Санадер

Долгогодишниот хрватски премиер и почесен претседател на ХДЗ, Иво Санадер, неочекувано ја поднесе својата оставка во 2009 година откако Хрватска беше блокирана од Словенија за да ги отпочне преговорите со Европската Унија. На прес-конференција во Загреб тој објави дека целосно се повлекува од политиката:

– Секогаш постои време за нови почетоци во животот. Таквиот момент дојде и сега е време другите да преземат – мислејќи на тоа која ќе ја води државата.

Тоа што никој не знаеше е дека Санадер криел за корупцијата, за која се дозна година дена подоцна. Избија два големи скандали, а тој побегна во Австрија од кајшто беше екстрадиран назад во Хрватска, а по долги судски процеси во 2012 му беа изречени 8 ипол години за кражба на 10 милиони евра, со што стана првиот хрватски политичар, кој е осуден, а потоа и лежел во затвор.

Поврзани содржини