НАЈГОЛЕМИОТ УКРАИНСКИ УДАР ДОПРВА ПРЕТСТОИ! Киев најавува засилување на контраофанзивата

И покрај фактот што нашите трупи напредуваат во неколку правци кон југ, непријателот ги концентрира силите на исток и продолжува да напредува таму – вели заменик-министерката за одбрана на Украина.

838

Најголемиот удар во украинската контраофанзива против руските окупациски сили допрва претстои – изјави денеска Хана Малиар, заменик-министерка за одбрана на Украина.

Сепак, таа призна дека тоа е тешка операција, бидејќи Русија прави сè што може за да ја запре украинската офанзива.






– Непријателот нема лесно да се откаже од своите позиции, а ние мора да се подготвиме за тежок дуел. Всушност, ова се случува токму сега – напиша Малиар на „Телеграм“.

Таа додаде дека операцијата која е во тек има неколку цели и дека украинската армијата ги исполнува овие задачи.

– И покрај фактот што нашите трупи напредуваат во неколку правци кон југ, непријателот ги концентрира силите на исток и продолжува да напредува таму. За непријателот ова е главниот правец на напад, бидејќи агресорот не се откажува од целта да дојде до границата на регионите Доњецк и Луганск – изјави Малиар.

Поврзани содржини