Најголемиот критичар на Меркел бара сите да ја поддржат германската Влада

Мерц рече дека експертите велат дека бранот на инфекција допрва треба да дојде.

267

Еден од најострите критичари на германската канцеларка Ангела Меркел и кандидат за нов шеф на нејзината ЦДУ Фридрих Мерц рече дека во криза сите граѓани мораат да ја поддржат Владата. Мерц беше заразен со коронавирусот, но беше излекуван.

– Имавме тешка фаза пред кризата. Имаше многу лоши резултати на изборите. Но, тоа сега е минато и во криза, населението треба да застане заедно со својата Влада, а тоа важи и за мене – изјави германскиот политичар за германската телевизија РТЛ.






Тој ја потврди позицијата на канцеларката дека не е можно брзото враќање во нормалност.

Мерц рече дека експертите велат дека бранот на инфекција допрва треба да дојде.

– Ова значи дека долго време ќе мора да живееме со мерките за заштита, и потоа, полека, ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот – рече тој.

Мерц очекува да се преземат соодветни чекори најрано до 20 април. – Оваа влада добро ја работи својата работа. Како жител на оваа држава, поради тоа морам да кажам дека и покрај кризата, добро спијам.

Поврзани содржини