Најголемиот дијамант во историјата продаден на аукција во Женева

363

Најголемиот дијамант во историјата е продаден вчера на аукција во Женева за 14.124.550 долари, соопшти аукциската куќа „Кристис“.

Дијамантот од 100,94 карати е направен од редок дијамант од 207,29 карати, кој е ископан уште во 2016 година. Тој станал еден од најголемите кои руската компанија Алроса го ископала во 21. век.






На експертите од „Алроса“ им била потребна повеќе од една и пол година да го направат дијамантот.

Првичната цена на дијамантот била проценета меѓу 13,1 и 19,7 милиони долари.

„Алроса“ е една од трите најголеми компании во светот за ископување дијаманти.

Поврзани содржини