НАЈГОЛЕМАТА ТИК-ТОК ЅВЕЗДА СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА ФОРБС Кеби Лејм потпиша договор од речиси милијарда долари за монетизација на својата база на следачи

Кеби Лејм, најголемата светска Тик-Ток ѕвезда со 360 милиони следбеници, потпиша договор од 975 милиони долари за монетизација на својата база на обожаватели. 25-годишниот бизнис гениј со проценета заработка од 20 милиони долари се најде на листата на Форбс.

363

Италијанскиот креатор на содржини Кеби Лејм, познат по своите тивки и урнебесни скечеви, се најде на 10-то место на листата на Forbes за најдобри креатори на содржини за 2025 година, со проценета заработка од 20 милиони долари.

25-годишниот Лејм неодамна ја продаде својата компанија Step Distinctive Limited, која управува со неговиот глобален бренд и комерцијални активности, на холдинг компанијата Rich Sparkle со седиште во Хонг Конг во трансакција вредна 975 милиони долари, според јавната пријава до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC).






Договорот ќе биде завршен преку издавање на 75 милиони акции од обичните акции на Rich Sparkle, со што Лејм ќе стане контролен акционер на компанијата. Иако тој продаде мнозински удел, Step Distinctive Limited ќе продолжи да биде управуван од самиот Кеби, објавува Forbes.

Како дел од договорот, Лејм го одобри користењето на својот Face ID, Voice ID и моделите на однесување за развој на дигитален близнак со вештачка интелигенција што ќе овозможи креирање на повеќејазична содржина за е-трговија во живо, прилагодена на различни временски зони.

Феномен на е-трговија и глобален раст

Е-трговијата во живо во Кина е веќе огромен сектор, со продажба што надминува 40 милијарди долари во 2024 година, а се очекува пазарот да расте со годишна стапка од 37,4 проценти и да достигне вредност од 672 милијарди долари до 2033 година.

Трендот полека се шири и во Соединетите Држави, благодарение на платформи како што се TikTok Shop и апликацијата Whatnot, која е особено популарна во трговијата со колекционерски предмети и денес генерира повеќе од 6 милијарди долари годишна продажба.

Дигиталниот близнак со вештачка интелигенција на Кеби отвора можност за Рич Спаркл да го искористи својот имиџ на повеќе пазари истовремено, пишува Форбс.

 

Популарност, партнерства и милиони прегледи

Кеби Лејм собра повеќе од 2,6 милијарди лајкови на Тик-Ток и го следат повеќе од 160 милиони корисници, што го прави најследениот тиктокер во светот. Неговата просечна стапка на ангажман е 0,86 проценти, а генерира приход и преку постојани милиони прегледи по видео и преку партнерства со реномирани брендови.

Меѓу неговите соработки се Hugo Boss, со кого лансираше капсулна колекција, Airbnb, Binance и бројни холивудски студија.

Кеби Лејм докажа дека виралната содржина на Tик-Tок може да стане сериозен бизнис потфат, комбинирајќи хумор, технологија и е-трговија во уникатен глобален феномен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khabane Lame (@khaby00)

Поврзани содржини