Најголемата рент-а-кар компанија оди во стечај
Причината е падот на побарувачката во време кога беснее пандемијата на коронавирус. Раководството на компанијата изјави дека додека трае стечајната постапка, „Херц“ ќе продолжи да ги врши дејностите.
Една од најголемите рент-а-кар компании во светот – „Херц“ – соопшти синоќа дека започнува стечајна постапка, пренесува „Forbes“.
Причината е падот на побарувачката во време кога беснее пандемијата на коронавирус. Раководството на компанијата изјави дека додека трае стечајната постапка, „Херц“ ќе продолжи да ги врши дејностите.
Претходно, „Херц“ беше принудена да продаде дел од својот автопарк, а во мај беше донесена одлука да отпушти половина од своите вработени. Како што известува медиумите, вкупниот долг на компанијата е во висина од 17 милијарди долари.
„Херц“ е една од најголемите рент-а-кар компании во светот и поседува повеќе од 10.000 точки за изнајмување на превозни средства во 150 земји во светот. Компанијата е и една од најстарите рент-а-кар сервиси, основана е во 1918 година во Чикаго.