НА ГАЛИЧИЦА ВО СНЕГ ЗАГЛАВИЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 30 ВОЗИЛА! На надлежните им збоктиса, бараат да се постават рампи

Над локалитетот Корита на неколку места има големи снежни наноси и возилата заглавуваат таму, по што бараат помош, иако тие ја направиле грешката, односно не ја почитувале забраната за сообраќај – велат од Националниот Парк „Галичица“.

1,523

Повеќе од 30 возила останале заглавени на патниот правец Охрид-Преспа преку Галичица, кој е крајно ризичен, затоа што надлежните државни претпријатија не го чистат од длабоки наноси на снег, кои на места се во висина и од два метри, а возачите не ја почитуваат забраната за сообраќај на овој патен правец.

По серијата интервенции на ренџерската служа, Планинската спасителна служба – ПСС и Територијалната противпожарна единица од Охрид за извлекување заглавени возила после Корита, кој е забранет за користење во зимскиот период, Јавнaта установа Национален парк „Галичица“ најави дека на патниот правец Трпејца – Отешево преку Националниот парк „Галичица“, ќе бидат поставени рампи после месноста Корита, со цел да се спречи движење со возила на несовесни граѓани и нивно заглавување во наносите од снег високи и до два метри.






– Над локалитетот Корита на неколку места има големи снежни наноси и заглавуваат таму по што бараат помош, иако тие ја направиле грешката. Имајќи ја предвид ваквата ситуација Јавната установа се одлучи заедно со ПСС да достави писмено барање до ЈП за државни патишта да ни дадат согласност на патниот правец преку Галичица над локалитетот Корита да поставиме физичка бариера, односно рампи, кои нема да дозволат несовесни граѓани да продолжат да го користат понатаму патот преку Галичица – изјави на прес конференција Андон Бојаџи од ЈУНП „Галичица“.

На патниот правец Трпејца – Отешево преку Галичица поставени се соодветни знаци за забрана на сообраќај, кои не се почитуваат, а прекршителите не се санкционираат, посочуваат надлежните.

Поврзани содржини