НА ФЕЈСБУК ВРИЕ ОД ИЗМАМНИЦИ, ЗАТОА ВНИМАВАЈТЕ Скопјанка сакала да му најде работа на синот во Германија, ама ја измамиле

Во периодот од 12 октомври до 10 ноември, жената на различни банкарски сметки на лицето му уплатила вкупно 13.516 денари – наводно за обезбедување на потребните документи.

227

Скопјанка во полиција пријавила дека е измамена од лице кое се претставувало како посредник за работа во странство, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, 53-годишната скопјанка стапила во контакт со лицето преку социјалната мрежа Фејсбук, каде тој ѝ ветил оти ќе пронајде работа во Германија за нејзиниот син.






Во периодот од 12 октомври до 10 ноември, жената на различни банкарски сметки на лицето му уплатила вкупно 13.516 денари – наводно за обезбедување на потребните документи.

Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини