🎥 НА ФЕЈСБУК ДОЗНАЛ ДЕКА МУ ЈА ТЕПААТ 11-ГОДИШНАТА ЌЕРКА Полицијата го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.

433

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. Павле Илиќ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно девојче го снимало нападот со мобилен телефон. Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно. Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела насилство и неовластено снимање“, се вели во соопштението на МВР.






Видеото од тепачката погледнете го ТУКА.

Поврзани содржини